gle.ovo.

Морбидна покана

Пред малку отворив Фејсбук после мала пауза и гледам ми стигнала препорака да се поврзам со некого. Љубопитен кликам на линкот, кога што ќе видам – ми предлагаат да се здружам со мртвиот Тоше Проески.

(Кликнете на сликата за поголема верзија.)

Можеби авторот на овој лажен профил имал најдобри намери, но како што вели старата поговорка: „патот кон Пеколот е поплочен со добри намери“. Како што препорачаа од Дирекцијата за заштита на лични податоци:

Креирањето на лажни профили на порталите за социјална интеракција не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и со основните принципи за заштита на личните податоци.

Дополнително, ова ми е многу невкусно, споредливо на појавата декларирани обожаватели на Тоше да се најголеми душмани на авторските права кои ги покриваат неговите дела – оти ги споделуваат без дозвола.

Ако некој веќе сака да укаже почест на почината личност преку создавање содржини на интернет, најдобро би било да отвори обожавателски (фан) веб-сајт или група на социјална мрежа, а не постхумен профил. Од смртта на Тоше не е помината ни година дена, и не верувам дека било кој со здрав разум би го зел неговото име и презиме како прекар или уметничко име.



Comments are closed.